Специјалниот суд за воени злосторства го повика Агим Чеку, еден од командантите на ОВК, како осомничен, пренесува Репортери. Чеку потврди дека добил покана од специјалниот суд.
– Добив покана вчера како осомничен. Патувам на 28 септември, изјави Чеку за Коха.
Агим Чеку завршил воена академија во Белград, а на почетокот на војната во поранешна Југославија се приклучил на хрватската армија, пренесува Косово онлајн.
Учествувал во воените акции на хрватските сили „Медачки џеб” и „Бура”.
Во мај 1999 година, тој беше назначен за командант на штабот на ОВК.
По завршувањето на војната на Косово, Чеку основа политичка партија, а во периодот од 2006 до 2008 година беше премиер на Косово.
Чеку беше уапсен неколку пати во врска со обвинение за воени злосторства, но беше ослободен по интервенција на тогашниот шеф на УНМИК, Хари Холкери.