Sвездата на кошаркарскиот НБА-лигаш Јута Џез, Донован Мичел ќе потпише максимален договор со неговиот сегашен клуб веднаш штом ќе се отвори преодниот рок во октомври, пренесува „Јау спортс”.
Дваесет и три-годишниот стрелец ја заврши третата година од неговиот дебитантски договор во вредност од 14 милиони долари, а со новиот договор, раководството на Јута ќе инвестира околу 170 милиони долари во него во следните пет сезони.
Мичел имаше просек од 24,0 поени, 4,4 скока и 4,3 асистенции на 69 натпревари од регуларниот дел од сезоната, а во четвртфиналната серија против Денвер Нагетс беше незапирлив – 36,3 поени, 5,0 скока и 4,9 завршни додавања со 52,5 отсто прецизност од шут од поле, 51,5% од тројка и 94,8% од линијата за слободни фрлања на седум натпревари.