Во стан во Германија убиени пет деца, мајката се фрлила под воз

Германската полиција откри тела на пет деца во зграда во западниот град Солинген.
Најтиражниот германски весник „Билд” објави дека децата имале од една до осум години и дека станува збор за три девојчиња и две момчиња, а шестото дете, наводно, било пронајдено живо.

-Телата се пронајдени во приватен стан во станбена зграда, изјави полицискиот портпарол во  градот Вупертал.

Според „Билд”, полицијата била повикана од бабата на децата која рекла дека нејзината 27-годишна ќерка ги убила и дека отишла со друго дете.

„Билд” пишува и дека мајката, околу 14 часот, скокнала пред воз, 35 километри од местото на убиството, на главната железничка станица во Дизелдорф и дека преживеала и била пренесена во болница со сериозни повреди.

Треба да знаете
Последни објави