Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекени, денеска изјави дека нема политички притисок врз американскиот регилатор за лекови брзо да ја одобри вакцината за коронавирус.
Мекени изјавата ја даде откако производителите на лекови и Центарот за контрола и превенција на болести денеска навестија дека вакцината може да биде готова непосредно пред претседателските избори во ноември, пренесуваат британските медиуми.
Мекени истакна дека никој не врши притисок врз Управа за храна и лекови (ФДА) да го направи тоа.