Два дена по ред интервуиран во Специјалниот суд во Косово. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, беше поканет во овој суд за да сведочи за неговата дејност во војната во Косово. По интервјуто, Ахмети не откри детали пред новинарите.
„Како што видовте и самите, мојот распит траеше два дена, до завршувањето на овој процес не можам да споделам ниту една информација со јавноста, така ограничува законот и сакам да го почитувам законот. На крајот на овој процес можеме да зборуваме тогаш ми дозволува законот“, истакна Али Ахмети.
идерот на ДУИ, Али Ахмети потврди дека бил земен на распит во својство на сведок.
„Денеска заврши мојот распит. Тоа е процес и се надевам, не само јас туку сите, да не продолжуваат со распити“, посочи Ахмети.
Али Ахмети е еден од основачите на ОВК и поранешен член на Генералштабот.
Во раните 90-ти години тој беше еден од водачите кои ја основаа и издигнаа ОВК како воена формација, која во 2000 година, по ослободувањето на Косово, тој, заедно со другите водачи, ја преструктуираше во „Национално ослободителна војска“ проширувајќи ја нејзината дејност и во Северна Македонија.
Од 2002 година до денес, Ахмети ја предводи ДУИ, една од најголемите партии во Северна Македонија, која на последните избори освои 15 пратенички места.