На Мицевски никој не му кажал дека има план за насилство на „27 април“

На пратеникот Никола Мицевски никој не ми кажал за план за насилство или за попречување на избор на претседател за „27 април“ .
Ниту од пратеничката група ниту од партијата, рече тој на почетокот на сведочењето, никој не му кажал или зборувал за некаков план за насилство. Ист одговор пратеникот даде и на прашањето, дали некој го информирал за некаков план да се попречи избор на претседател на Собранието.

Тој зборуваше и за протестите „За заедничка Македонија“ велејќи дека партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ немале донесено некаков став за ова движење ниту, пак, му се налагало на членството да оди на протести. Голем дел од прашањата на одбраната на Вељаноски се однесуваа и на Деловникот за работа на Собранието, преку кои сакаа да докажат дека обвинетиот претседател на законодавниот дом постапувал според процедурите. Мицевски е еден од 15-те пратеници од минатиот пратенички состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои Вељаноски ги предложи како сведоци. Од нив, денеска во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје се појавија осум: Освен Мицевски, тука се и Трајчо Димков, Драган Данев, Крсто Јовановски, Панчо Минов, Благица Ласоска, Магдалена Манаскова и Иван Иванов, а во текот на рочиштето во судот треба да дојде и Иван Стоилковиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави