Пациентите на кои им е закажана операција во државните болници и клиники, мораат да направат ковид тест на приватно- објави СДК. Докторите при закажување на хируршка интервенција им велат на пациентите дека пред да дојдат на операција треба да донесат негативен тест. Но, на државно матичните лекари не можат да им закажат тестирање бидејќи според алгоритамот треба да имаат симптоми или да биле во контакт со позитивно лице.
„Откако пред неколку дена беше најавено дека почнува со закажување на термини за прегледи и интервенции преку ‘Мој термин‘, се зголеми бројот на пациенти кои бараат од нас да им закажеме тестирање бидејќи не можат да се оперираат без негативен тест. Но, ако немаат симптоми не го поминуваат алгоритамот. За да не плаќаат пациентите приватно треба да се промени алгоритамот и да се дозволи тестирање на државно за закажана хируршка интервенција“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК матични лекари.
Овој проблем постои уште од стартот на епидемијата кога за секоја хируршка интервенција за бараше негативен ковид тест, но од Министерството за здравство не го сменија алгоритамот.