Орбан: Унгарија е под целосен оклоп, го очекуваме вториот бран на вирусот

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја е „под целосен оклоп“ и го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Во неделното интервју за „Радио Кошут“, Орбан рече дека неговата влада мора да се фокусира на спасување животи, особено на старите лица, како и обезбедување на неопходните услови за работа на училиштата и зајакнување на економијата.

Тој апелираше до младите да ги почитуваат превентивните мерки, додавајќи дека од нив првенствено зависи животот на нивните родители, баби и дедовци.

Унгарија на 1 септември ги затвори границите за сите странци (дозволен е влез само на т.н. оправдани случаи), а Унгарците кои се враќаат од странство ќе треба да одат во самоизолација.

Како што пренесува МТИ, Орбан изјавил дека меѓу 1,7 и 1,8 милиони жители на Унгарија пополниле консултативен прашалник за превентивни анти-епидемиски мерки, кои властите ги доставиле до нив.

Треба да знаете
Последни објави