Ангеловски ќе го состави тимот од играчите кои се во најдобра натпреварувачка форма

Македонската фудбалска репрезентација утре (15 часот) на арената „Тодор Проевски“ го почнува новиот циклус од Лигата на нации. На гости доаѓа Ерменија, пред празното гледалиште поради здравствено-безбедносните протоколи во битката со пандемијата против коронавирусот. Во такви услови со ограничен број на претставници не медиумите во пресрет на утрешниот дуел се одржа и денешната задолжителна прес-конфернеција.

Селекторот Игор Ангеловски – Мрме верува дека неговите избраници ќе го почната вториот циклус од ова натпреварување со победа.

-Имав можност да видам кој од играчите е во најдобра форма и имам визија за тоа кој утре ќе може да ја направи разликата на теренот и да ни донесе позитивен резултат против Ерменија. Нашиот противник има доста нови играчи во тимот кои ги анализирав и се запознав со нивниот квалитет, а имаат и нов селектор кој работел во шпанската лига. Сепак, јас повеќе се фокусирам на нашата задача и сакам да го диктираме темпото. Во меѓувреме ја следиме ситуацијата со Косово, нашиот противник во плејофот од Лигата на нациите, но моментално сум фокусиран на нашите обврски со Ерменија. Секако дека би сакале да играме пред публика бидејќи многу ни значи поддршката од навивачите, но ќе се однесуваме како да се со нас на теренот, порача Ангеловски.

Тричковски поради повреда не го издржа денеска тренингот и отпаѓа од комбинација за составот на тимот за утрешниот дуел. По дуелот со Ерменија, макеоднската фудвбалска експедиција на 8 септември ќе и гостува во 2. коло на селекцијата на Грузија, можниот ривал во финалето од првото издание на ова натпреварување кое на „црвено-жолтите“ може да им донесе и историски настап на завршницата од ЕП-2020 која е поместена за идното лето. Претходно македонија во полуфиналето треба да го помине Косово како домаќин, па во финалето ќе гостува кај подбриот од пресметката Белорусија – Грузија.

Треба да знаете
Последни објави