Ристовски: Недостатокот на публика ќе биде проблем, но досега се навикнавме да играме во новите услови

Репрезентативецо на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски пред утрешниот дуел со Ерменија во Лигата на нациите на официјалниот прес пред дуелот изјави дека распоредот е густ, но нема многу причини да се бара алиби за лоши резултати.

– Што е тука е. Нè чека нов циклус во Лигата на нации кој ќе се одигра во посебни услови предизвикани од коронавирусот. Сите се сеќаваме на последниот пораз во Ереван и тоа ни е мотивација да одиграме подобро на овој натпревар на домашен терен. Недостатокот на публика ќе биде проблем, но досега се навикнавме да играме во новите услови, истакна Стефан Ристовски.

Натпреварот Македонија – Ерменија се игра утре од 15:00 часот на Националната арена „Тодор Проески”.

Треба да знаете
Последни објави