Новата власт во Црна Гора нема да биде ни проруска, ни просрпска, ни проалбанска, туку процрногорска

Промената на власта во Црна Гора е извесна. Опозицијата, според преброените гласови има освоено повеќе мандати и го има потребниот број на пратеници за да формира Влада. Неприкосновената во изминативе три децении ДПС на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ со коалициските партнери имаше освоено 40 мандати, додека опозоциската коалција „За иднината на Црна Гора“ 41 мандат.

Соодносот се промени откако една од партиите од коалицијата на Ѓукановиќ излезе од сојузот ДПС  падна за уште два мандати, на 38. Трите коалиции „За иднината на Црна Гора“ која освоила 32,81 проценти од гласовите, потоа „Мирот е нашата нација“ со освоени 12,07 проценти и „Црно на бело“ која освоила 5,54 проценти гласови се пред формирање на Владата.

Најмалата партија во коалицијата „Црно на бело“, УРА и нејзиниот лидер Дритан Абазовиќ се решавачкиот фактор за да се обезбеди потребното мнозинство за да се преземе власта.

Абазовиќ е Албанец по потекло и токму затоа тој и неговите политички определби се во фокусот на интерес на домашната, но и на меѓународната јавност.
-Црна Гора никогаш нема да стане покраина на Голема Албанија, ниту на Голема Србија, ниту на било која држава“! Не правам соработка со националните заедници, туку со луѓето. Не се борам за Србите, Црногорците, Албанците, Бошњаците, се борам за луѓето порача Абазовиќ, во кого Ѓукановиќ гледаше последна сламка за спас и продолжување на неговото владеење во земјата.

Ваквите ставови на Абазовиќ јасно ставаат до знаење дека смената на политиката на Мило Ѓукановиќ не значи дека опозицијата е про српска како некои во Србија сакаат да и залепата етикета.

И лидерот на коалицијата „Мирот е нашата нација“ Алекса Бечиќ јасно порача дека новата власт во Црна Гора нема да биде ни проруска, ни просрпска, ни проалбанска, туку процрногорска власт.

Победничката коалиција во Црна Гора е на заеднички став дека државата мора да ја предводи експертска Влада, која ќе ја внесе земјата во ЕУ. И за најдискутабилното прашање дали новата власт ќе го ревидира членството на Црна Гора во НАТО, сите членки на коалицијата се единствени дека такво нешто не доаѓа во предвид.

 

Треба да знаете
Последни објави