Хорхе Меси му појасни на раководството на Ла Лига дека клаузулата од 700 милиони евра за да замине неговиот син од Барселона повеќе не постои

Во чекување да се огласи еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси и да соопшти дека останува во Барселона уште една година, до медиумите писмо исрати неговиот татко Хорхе Орасио Меси, кој и наедно му е негов менаџер.

Таткото на Меси испрати писмо до раководството на Ла Лига со кое го демантирантира ставот на лигата дека е на сила откупната клаузула од 700.000.000 милиони евра за слободата на играчот. Таа каузула автоматски завршила крајот на претходната сезона, кога „десетката“ на Барса побара да си оди.

„Ла Лига“ излезе со толкување дека Лео не може да ја напушти Барселона како слободен играч.

-Не знаеме кој договор е анализиран и врз којa основа се тврди дека содржи „клаузула за раскин“, која се активира во случај играчот да одлучи да ја искористи опцијата еднострано да го раскине договорот на крајот на сезоната 2019/20.

Ова е очигледна грешка на „Ла Лига“ Клаузула 8.2.3.6 од договорот потпишан од играчот и клубот буквално вели: „оваа компензација нема да се примени доколку договорот е еднострано раскинат на крајот на сезоната 2019/20.

Во тој случај, јасно е дека клаузулата од 700 милиони евра повеќе не важи – стои во писмото напишано од таткото Хорхе Меси.

Треба да знаете
Последни објави