Капарос жали што нема да се види со Димитриевски

Македонската фудбалска репрезентација утре (15 ч.) во Скопје ротив Ерменија го почнува овиот циклус на натпреааври од Лигата на наии. Ерменија со која макеоднскиот државен тим играше во иста група и во изминатото премиерно издание од ова натпреварување во Скопје пристигна со нов предводник, шпанскиот стратег Хоакин Капарос. Искусниот 64-годишен тренер не крие дека добро ја познава македонската селекција,а посебно играчите кои играат во Шпанија. Жали поради фактот што нема да се види со голманот Столе Димитриевски, кој не допатува во Скопје поради позитивен тест на Ковид-19, на кого Капарос му беше тренер во тимот на Гранада.
-Сите сме возбудени за овој натпревар со Македонија. Мислам дека тоа ќе биде еден отворен дуел со оглед на сличниот квалитет на двете репрезентации. Македонија долго време е заедно и има добр тим. Ги познавам фудбалерите на Македонија, бидејќи некои од нив играат во Шпанија. Штета што Столе Димитриевски нема да биде тука, вели селекторот на Ерменија.

На последниот меѓусебен дуел во Ереван, Македонија загуби убедливо со 4-0, но шпанскиот стратег не сака да гледа кон минатото.

-Ние нема да гледаме што било во минатото и победата во Ереван од пред две години. Гледаме на сегашноста и можам да кажам пред нас имаме квалитетен противник, заврши Капарос.

Треба да знаете
Последни објави