Извршниот директор на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто денеска изјави дека вакцината против коронавирусот нема да биде услов за учество на Игрите наредната година. Муто ова го соопшти по состанокот на работната група на Олимписките игри со јапонската влада и медицинските експерти.
– Тоа не е предуслов за учество на Игрите, Меѓународниот олимписки комитет и Светската здравствена организација веќе разговараат на оваа тема. Вакцината нема да бид услов за одржување на Игрите, нормално ние ќе цениме доколку се развие ефективна вакцина против коронавирусот. Но, доколку барате директен одговор – тогаш вакцинацијата не е услов за учество на Игрите – изјави Муто.
На состаноците кои треба да се одржат во наредните месеци ќе се разговара и за начинот на пристигнување на спортистите во Јапонија, за тестирањата кои ќе вршат, за нивниот престој во олимпиското село како и за мерките кои ќе бидат преземени на борилиштата за да бидат безбедни за спортистите, но и за навивачите . Игрите требаше да се одржат ова лето, но беа поместени поради пандемијата со коронавирусот која го тресе целиот свет.