(Видео) Трамп за договорот меѓу Белград и Приштина: Ова е голем чекор напред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, по потпишувањето на договорот меѓу Белград и Приштина изјави дека Србија и Косово се согласиле за нормализација на економските односи.

Тој го поздравил огромниот напредок што е постигнат.

„Навистина, ова е историско, се радувам на посетата на двете земји, во не толку далечна иднина“, кажал американскиот претседател во Белата куќа.

По церемонијата, Трамп се огласи и на „Твитер“:

„Уште еден ден за кој сите мислеа дека е невозможен. Честитки за српскиот претседател Александар Вучиќ и за косовскиот премиер Авдулах Хоти за посветеноста за економска нормализација. Ова е голем чекор напред кој води кон просперитет и мир на Балканот и во светот. Горд сум што им помагав на овие лидери“.

Треба да знаете
Последни објави