Во Црна Гора нови 147 заразени од Ковид 19 и еден смртен случај

Во Црна Гора, потврдени се 147 нови случаи на коронавирус од 591 анализиран примерок, а едно лице починало како резултат на инфекцијата.

Вкупниот број на смртни случаи од КОВИД-19 од почетокот на јуни е 98, а 107 од почетокот на годината, објави Институтот за јавно здравје.

Во моментов, 1.091 случаи на коронавирус се активни во Црна Гора, а од почетокот на годината, вкупниот број на потврдени случаи на инфекција е 5.422, пренесува РТЦГ.

Треба да знаете
Последни објави