Неколку лица ноќеска се прободени со нож во центарот на Бирмингем, соопшти денеска британската полиција.
„Можеме да потврдиме дека околу 30 минути по полноќ бевме повикани за инцидент за прободување во центарот на Бирмингем. Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент, се вели во соопштението на полицијата во Вест Мидлендс.
BREAKING: Police have declared a major incident in Birmingham city centre after officers were called to reports of multiple stabbings.
The force said: "At this early stage it would not be appropriate to speculate on the causes of the incident."
More: https://t.co/JuhFdPE8LJ pic.twitter.com/jNicVQIrFy
— Sky News (@SkyNews) September 6, 2020
Во соопштението се наведува дека има голем број повредени.
„Во моментов не сме во можност да кажеме колку се повредени или колку од нив се сериозно повредени. Сите служби за итни случаи работат заедно на лице место и обезбедуваат медицинска помош”, се додава во соопштението.
Од полицијата наведуваат дека се работи на утврдување на причините на настанот и дека треба повеќе време за да соопштат детали.
Disturbing news breaking here in #Birmingham this morning. Further details will emerge over the coming hours no doubt. https://t.co/YOn2qSuxYG
— Edward Sweeney (@ProfEdSweeney) September 6, 2020