-Свесни сме дека не одигравме како што треба во првото полувреме против Мешков Брест. Сега нè чека поинаков натпревар и наша цел е финалето против Вардар да го отвориме многу подобро. Пристигнавме подготвени за борба за овој трофеј и ќе сториме сѐ за да дојдеме до него. Но, тоа никако не значи потценување на Вардар, зашто ако го сториме тоа, сигурно ќе бидеме жестокот казнети, изјави Дејвис.
Дуелот меѓу Веспрем и Вардар, кој ќе биде реприза на последното финале во ЛШ, е закажан за вечер со почеток од 20.30 часот во салата „Крешимир Ќосиќ“ во Задар.