На 06.09.2020 во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за село Селце, прилепско има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки.
Автомобилот бил управуван од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.