Во Србија во последните 24 часа се тестирани 4.189 лица на Ковид 19, од кои се позитивни 56, а едно лице почина, објави министерството за здравство.
Во моментов има 35 пациенти на респиратори, а уште 39 се хоспитализирани.
Вкупно 31.905 потврдени случаи на Ковид 19 се регистрирани во Србија од почетокот на епидемијата, а тестирани се вкупно 978.600 лица. Вкупниот број на смртни случаи е 724.