Белорускиот Мешков Брест го освои третото место на завршниот Ф4 во СЕХА лигата откако попладнево триумфираше во малото финале против хрватски Загреб со 29-24.
Петочниот пораз во полуфиналната пресметка против Вардар, и покрај водството од шест голови разлика на десет минути до крајот, очигледно остави белег кај ракометарите на Загреб, кои немаа сили за триумф во пресметката со Мешков Брест.
Хрватскиот тим поведе со 4-1, но Мешков Брест брзо се врати во натпреварот и замина на одмор со 14-12.
По 13 минути игра во вториот дел предноста на Белорусите беше удвоена на 20-16. Загреб возврати со серија од 5-1 за израмнување на 21-21, но Мешков Брест влезе смирено во последните минути за на крајот да стигне до бронзата со убедлив триумф од плус 5.
Големото финале се игра вечерва меѓу актуелниот бранител на титулата Вардар и Вестпрем.