Граѓанскиот и патриотски собир за одбрана на независна граѓанска Црна Гора започна во 19 часот на Плоштадот на независноста во Подгорица, пренесуваат локалните медиуми.
Илјадници граѓани од цела Црна Гора пристигнаа пеејќи патриотски песни. Група црногорски патриотски организации ги поканија граѓаните на собирот, изјавувајќи дека најевтиниот збор во Црна Гора овие денови е слободата.„Слобода во која оние кои го веат знамето на Црна Гора станаа цел за стрелање“, се вели во денешното соопштение.
https://www.facebook.com/vijesti.me/videos/320000469080953/?__tn__=%2CO-R
Тие посочија дека не се собрани од ниту една партија или религија или нација, туку од потребата да го кренат својот глас во одбрана на нивното единствено вистинско светилиште – независна, граѓанска, секуларна, мултикултурна и антифашистичка Црна Гора.
Po procjeni Uprave policije na Trgu nezavisnosti prisutno je oko 50.000 građana i sve protiče bez incidenata.
Kolone vozila sa građanima iz pravca Nikšića, Danilovgrada i Cetinja još pristižu.@VladaCG pic.twitter.com/rWWt3Wb0rN— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) September 6, 2020