(Видео) Ѓоковиќ дисквалификуван од САД опен

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од САД опен, откако во првиот сет од дуелот со Пабло Карењо-Буста упати едно топче кон линиската судијка на турнирот и несакајќи ја погоди во вратот.

При резултат 6:5 за Шпанецот, Србинот пресилно го удри топчето кон аут-линијата, и ја погоди судијката, на која и беше потребна медицинска помош.

https://twitter.com/gregbradyTO/status/1302700998360797185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1302700998360797185%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Ftenis%2Fshok-na-ju-es-open-novak-gjokovikj-e-diskvalifikuvan-video-0

И покрај убедувањето со организаторите на турнирот, правилата се јасни и за ваков „престап“ следува директно исклучување од турнирот. Организаторите веднаш го дисквалификуваа и му ја доделија победата на Шпанецот, кој сега ќе игра во четвртфиналето. Ова е неславен крај на победничката низа на Ѓоковиќ во 2020 година, која траеше 26 меча.

Треба да знаете
Последни објави