Хали Бери се огласи на Инстаграм во саботата за да сподели нова објава за своите 7,9 милиони следачи по повод Националниот ден на розе виното.
На фотографијата, 55-годишната холивудска ѕвезда чекори покрај брегот во црн костим за капење и проѕирна црна наметка со долги ракави.
Во описот на објавата, таа напиша „вино од облаци“ и го додаде хаштагот „#nationalroseday“.
Националниот ден на розово вино во САД се одбележува секоја година во втората сабота од јуни, и се слави со многу радост.
Овие вина се произведуваат претежно од црвено грозје и се исклучително разновидни. Розовото вино е посветло од црвеното и потемно од белото вино.
Бојата на ова вино варира, почнувајќи од бледи, едвај забележливи нијанси до интензивна темна боја, блиску до светлоцрвената боја.