Бишевац: На протестот во среда ВМРО-ДПМНЕ може да си обезбеди сериозна бројка на луѓе

Сафет Бишевац во гостувањето во Само Вистина на Канал5 телевизија истакна дека легитимен е протестот на ВМРО-ДПМНЕ за во среда, затоа што и СДСМ се приклучи на Шарената револуција.

-Апсолутно легитимно е протестот на ВМРО-ДПМНЕ за во среда, затоа што СДСМ се приклучи на шарената револуција. Бројката на луѓе не е значајна, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија, со сериозна инфраструктура и може да си обезбедат една сериозна бројка на луѓе на протестите во среда. Сигурно неколку илјади. Тие барања на протестот за поскапување на струјата ВМРО-ДПМНЕ може да ги засили и да изврши притисок кон Владата која ја зголеми цената на струјата веднаш по изборите, крајно кукавички. рече Бишевац.

Треба да знаете
Последни објави