Хрватска потрошила повеќе од 26 милиони евра за тестови за коронавирус

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, откри дека досега се потрошени 198 милиони куни или околу 26.275.400 евра за тестови за коронавирус.

„Ако на тоа ги додадеме трошоците за лекување на пациентите, износот е многу поголем. Но, парите не се важни, важна е соодветната грижа за болните“, рече Берош во Дневникот на Нова ТВ.

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 117 нови случаи на коронавирус, а тројца пациенти починале.

Бројот на активни случаи е 2.614.

Треба да знаете
Последни објави