Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 на гостински терен против Грузија во Тбилиси во вториот меч од новата сезона во Лигата на нации.
Нашата репрезентација покажа квалитет, објективно беше и подобриот ривал, но потоа Муслиу, заработи директен црвен картон, по што нашата репрезентација се соочи со помали проблеми, но и покрај поседот и иницијативата, Грузијците не успеаја да дојдат до победа. Имаа домаќините две сериозни шанси за да постигнат втор гол, но за среќа не успеаја да ги реализираат.
Нашите репрезентативци, иако со играч помалку, одиграа солиден натпревар, покажаа дека се поквалитетни од Грузијците, а прашање е каков ќе беше конечниот резултат ако Муслиу не беше исклучен, со оглед на тоа дека ние имавме иницијатива и игравме подобро од домаќините. Грузија покажа дека е незгодна репрезентација, но е противник со кого и тоа како можеме да се надигруваме на нивни терен.
Со оглед на тоа дека ако го победиме Косово ќе се соочиме со победникот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, ова беше и еден вид генерална проба пред она што не очекува за најважниот меч за нашата репрезентација.
Кога станува збор за самиот натпревар, Грузија дојде до водство во 13 минута од пенал, откако претходно Алиоски направи прекршок во сопствениот шестнаесетник, а Окриашвили беше сигурен од белата точка. На 1:1 израмни Ристовски по одличната акција со Пандев. Грузијците во 94 минута имаа речиси 100-процентна шанса за победа, но Шишковски маестрално реагираше и спречи пресврт во последните секунди.
На крајот, нашите репрезентативци освоија бод, вкупно четврти од два натпревари.