Лукашенко: Ако падне Белорусија, Русија е следна

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека во случај да падне неговата власт, Русија ќе биде следна.

„Знаете ли што е заклучено со раководството и руските власти? Доколку падне Белорусија, Русија ќе биде следна“, рече Лукашенко, а пренесе агенцијата „РИА Новости“ по интервјуто што тој го даде за руските медиуми.

Лукашенко процени дека без него целиот систем ќе пропадне, а потоа и цела Белорусија.

Во Белорусија посотојано се одржуваат масовни протести, по контроверзните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко по шести пат застана на чело на државата.

Треба да знаете
Последни објави