„Ролинг стоунс“ го одложија концертот во Амстердам во последен момент во понеделникот, откако Мик Џегер добил позитивен резултат на тестот за коронавирус, соопшти легендарниот рок-бенд.
„Ролинг Стоунс“ длабоко жалат за вечерашното доцнење, но безбедноста на публиката, другите музичари и персоналот на турнејата е приоритет, се наведува во соопштението.
Џегер добил симптоми на Ковид-19 при пристигнувањето во арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.
Организаторите на концертот од бината ѝ соопштија на публиката дека концертот е одложен, еден час пред почетокот.