Неш: Имам корист од привилегијата на белите

Тренерот на кошаркарскиот НБА-лигаш Бруклин, Стив Неш се согласи со ТВ водителот Стивен Смит дека се вработил во Нетс поради бојата на кожата. Претходно Смит изјави дека Неш ја има таканаречената „бела привилегија”.

– Имам корист од привилегијата на белите. Нашето општество има уште многу да научи. Не сум сигурен дека мојата задача е соодветен пример, но разбирам дека е важно да се зборува за тоа, истакна Неш.

Изјавата на Неш доаѓа во време кога во САД на разни начини луѓето протестираат против расната дискриминација.

Треба да знаете
Последни објави