Радев:На плоштадите не е мафијата, ниту шверцерите, туку бугарскиот народ

„Масовниот протест им припаѓа на сите граѓани. Ниту шверцерите, ниту мафијата, не се на плоштадите денеска, туку бугарскиот народ, кој е единствениот суверен според Уставот и цврсто е решен да си врати државата”, напиша на Фејсбук бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој ги повика сите присутни на плоштадот да не подлегнуваат на провокации и нагласи дека раководството на Министерството за внатрешни работи е одговорно за животот на граѓаните кои протестираат.

– Одговорноста за спречување на инцидентите, за животот и за здравјето на демонстрантите и на редовните униформирани полицајци е на раководството на Министерството за внатрешни работи. Сите учесници на настанот, граѓаните, полицијата и жандармеријата да не забораваат дека ние сме Бугари и дека присуството на униформираните полицајци е да се грижат за безбедноста на граѓаните. На насилството меѓу владата и граѓаните нема место во иднина, за кое сите пристојни луѓе се бориме и ќе го постигнеме”, порача шефот на бугарската држава.

– Нашата морална победа како општество ќе биде зачувување на граѓанскиот мир, и покрај навредите, провокациите и демонстративното газење на демократските принципи од немоќната влада. Промената е неизбежна. Секоја тврдоглавост на владетелите само ја продлабочува кризата”, додава бугарскиот претседател Румен Радев во постот.

Треба да знаете
Последни објави