На 15 септември во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе започне да спроведува акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.

Општината услугата за собирање и транспорт на отпадот, ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.  Со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои ќе бидат вклучени во активностите, истите ќе ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.

Жителите на Кисела Вода, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, услугата за собирање на отпад  можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чисти паркови и чисти зелени површини.

Треба да знаете
Последни објави