Вирусот влезе во три градинки и две основни училишта во Загреб

Во изминатите 24 часа  во Загреб беа потврдени 63 нови случаи на инфекција со коронавирус, од 291 во цела Хрватска, а меѓу кои се позитивни двајца ученици, објави Штабот за цивилна заштита на градот Загреб.

Две основни училишта пријавиле дека двајца ученици се заразиле со коронавирус како резултат на семејни контакти. Таму двете паралелки се ставени во самоизолација заедно со наставниците.

Исто така, во три градинки се евидентирани лица заразени со коронавирус – во две воспитувачки во градинки и во една градинка едно дете кое било во контакт со претходно болно лице. Сите три групи се ставени во самоизолација

Треба да знаете
Последни објави