Жена гласала топлес откако не ја пуштиле на гласачко место со антитрамп маичка

Жена од Њу Хемпшир, на која не ѝ било дозволено да гласа во антитрамп маичка на прелиминарните избори во вторникот, избрала да ја соблече маичката и да гласа топлес, пренесува „Њујорк пост“.

Гласачката, облечена во маица со натпис McCain Hero, Trump Zero, прво била запрена пред да може да стигне до гласачката кутија во гимназијата „Талбот“ од страна на модераторот Пол Скафиди, објави Seacoastonline.com.

Скафиди ѝ рекол на жената дека мора да ја отстрани маичката во која има политички кандидат, сметајќи дека тоа претставува агитирање на гласачко место. Но, таа му возвратила и го обвинила дека ја издвојуваат, покажувајќи кон друга гласачка облечен во маичка со американско знаме.

„Таа праша: ‘Зошто таа може, а не јас?’ Ѝ реков дека таа ќе мора да ја покрие маичката и дека маичка со  американското знаме не претставува агитирање. Тоа е мое мислење, и тоа беше мојата одлука како модератор“, изјави Скафиди.

По неговото објаснување, жената го прашала Скафиди  дали сака таа да ја соблече маичката, но Скафиди рекол дека претпочита таа да не го прави тоа.

„Но таа толку брзо се соблече што никој немаше време да реагира, така што сите само извикаа  со чудење и таа се оддалечи, а јас ѝ дозволив да гласа. А можеше едноставно да влезе во ходникот и да ја сврти маичката наопаку“, рече тој.

Скафиди вели дека во зградата во тоа време имало околу 15 гласачи, а вработените на гласачките кутии главно се смееле на инцидентот. Тој додаде дека, според Законот за непристојност на државата, можел да ѝ наложи на полицијата да ја отстрани жената, но не се одлучил за тоа.

„Можев да наложам да ја отстранат, но не сакав да ја влошам целата работа“, рече Скафиди. „Ако почувствуваше дека е во право, ќе добиеше повеќе. Сите се насмеавме на случката и не знам дали беше местенка, но никогаш не сум доживеал такво нешто“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави