Во Србија денеска има 58 новозаразени лица од коронавирусот

Во Србија денеска се потврдени нови 58 инфицирани лица од коронавирусот од направени 7.967 тестови. Починало едно лице со што бројката на оние кои ја загубиле битката со коронавирусот изнесува 729.

На респираторна машина има приклучено 35 пациенти. Од почетокот на пандемијата со коронавирусот во Србија се тестирани 1.009.401 лице, а вирусот е потврден кај 32.136 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави