Во интервју за „Е! Њуз“ Џенифер Анистон размислува за тоа како ја доживувала славата пред подемот на социјалните мрежи. „Вараети“ ги пренесува нејзините размислувања за луѓето кои стануваат познати по тоа што „во основа не прават ништо“.
„Се чувствувам толку среќна што барем малку ја вкусивме индустријата пред да стане она што е денес“, вели Џенифер Анистон.
„Повеќе стриминг-платформи… станувате познат од Тик-ток…Јутјуб… Инстаграм… тоа е речиси како да се разредува работата на актерите, нивната професија.