Орбан: Маските мора да бидат задолжителни во јавниот превоз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека мора да се воведе задолжително носење маски во јавниот превоз.

Тој во интервју за државното радио рече дека нема да наметне затворање на училиштата со цел да се сузбие коронавирусот, туку ќе работи на заштитата на најзагрозените стари лица, бидејќи главната цел е одржување на економијата, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека земјите од Вишеградската група – Унгарија, Чешка, Словачка и Полска – ќе ги координираат своите мерки за борба против вториот бран на коронавирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави