Русија се судри со Германија и петте нејзини западни сојузнички на седницата на Советот за безбедност на ОН заради случајот со труење на рускиот опозициски активист Алексеј Навални.
Рускиот амбасадор во ООН Василиј Небензиа побара докази дека нервниот отров Новичок е користен против критичарот на Кремљ, додека германскиот амбасадор Кристоф Хојсген. рече дека наодите се предадени на Меѓународната агенција за забрана на хемиско оружје.
Конфликтот меѓу Русија и Германија се одвиваше на месечната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која присуствуваа и амбасадорите на САД, Белгија, Велика Британија, Естонија и Франција, кои изразија загриженост за тврдењето на Берлин дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил жртва на напад со хемиско оружје.
Амбасадорот на Велика Британија, Џонатан Ален, потсети дека сличен нервен отров бил користен на југот на Англија во 2018 година против рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Тој посочи дека Велика Британија ги поддржува откритијата на Берлин за труењето на Навални и ја повика Русија да спроведе сеопфатна и транспарентна истрага во врска со овој случај и да ја поддржи Конвенцијата за хемиско оружје.
Американскиот заменик-амбасадор во ОН го осуди труењето на Навални и ја повика Русија да ги изведи пред лицето на правдата одговорните за овој инцидент.
Небензиа рече дека Русија е најзаинтересирана за да открие што се случило со Навални. Тој потенцираше дека додека се лекувал во Сибир, руските доктори не откриле присуство на отров. Затоа побара Берлин да ги сподели доказите, по што Кристоф Хојсген. истакна дека тие ќе бидат предадени на Организацијата за забрана на хемиско оружје. Тој уште ја обвини Русија дека се обидува да го сврти вниманието од инцидентот и оти тоа не е прашање меѓу Германија и Русија, туку прашање на „меѓународна загриженост”.
Рускиот претставник рече дека ако Берлин не ги сподели доказите, Москва ќе смета дека Германија одбива да соработува и тоа „дефинитивно ќе ги наруши руск-германските односи и меѓународните односи во целина”.