Вест Хем го раскинува договорот со Вилшир

Англиски фудбалски лигаш Вест Хем Јунајтед повеќе нема да се потпира на поранешниот  репрезентативец Џек Вилшир, објавија локалните медиуми.

Раководството на лондонскиот тим разговарало со 28-годишниот играч за врска за раскин на договорот со клубот, кој е до следното лето.

Вилшир, кој има 34 настапи за репрезентацијата на Англија, претрпе чести повреди во последните неколку сезони и не е во можност да го искористи својот потенцијал.

Во последната кампања, тој забележа само 358 минути на 10 натпревари во Вест Хем, постигнувајќи 1 гол на турнирот во Лига купот.

Треба да знаете
Последни објави