Шминка само со една рака, но тоа го прави како вистинска уметничка

Шминкерката Сенида Хаџихалиловиќ од Сараево, БиХ, својата работа ја врши само со една рака, но како што велат нејзините клиентки, тоа го прави како вистинска уметница.

Како што пишува порталот „Кликс”, таа има 80-отстотен телесен хендикеп. Но, важи за секогаш ведра, весела и насмеана личност.

– Оваа работа ми изгледаше многу предизвикувачка бидејќи можам да ја користам само едната рака – левата. Секојдневните работи, како врзувањето врвки на патики, капењето на моето дете – беа предизвик за мене, но успевав. Па така, знаев дека можам да ги совладам и техниките за шминкање, вели Сенида.

Нејзините клиентки велат дека таа својата работа ја врши совршено и доста професионално.

– Клиентите кои доаѓаат кај мене на шминкање, секогаш се враќаат по вторпат и тоа е најдобрата потврда за квалитетот на мојата работа. Шминкам невести, средношколки и девојки и жени кои доаѓаат тука за разни други свечености, вели таа.

За претстојнава есен, таа препорачува умерени ненападни и врамнотежени стилови на шминка.

Треба да знаете
Последни објави