Марија Шерифовиќ претресена на царина! Кога ја виделе содржината за малку скапо ќе си платела и тоа заради Карлеуша

Карлеуша за гардароба троши немилосрдно, но добро знае дека долг список за фустани од нови колекции на познати брендови не ги праќа кај Душко Ташиќ, за тој да не се шлогира, туку на другарка и Марија Шерифовиќ, која имала доволно време да пазари по Америка ова лето.

Но другарките не предвидела дека и победничката на Евровизија можат да ја претресат цариници на аеродром, што тоа и се случило.

Дали на царинирниците им било сомнително што Шерифовиќ влечела два огромни куфери.

– Кога ги отвориле куферите и почнале да вадат елегантни фустани, еден по друг, само се погледале. На сите им било јасно дека Марија никогаш не носи фустани а сега ги имала десетина и тоа многу убави, прескапи и нови.

Се смееле и цариниците и Марија, бидејќи им било јасно дека ова не е гардароба за неа. Марија се шегувала на своја сметка, велејќи дека одлучила да го смени стилот на облекување, а потоа признала дека целата таа гардароба е за нејзината колешка Јелена Карлеуша. Уште рекла дека ЈК ќе и се налутела ако не и донесе се што порачала, бидејќи тоа во Србија нема да се купи…

Преземено од Вечер

Треба да знаете
Последни објави