Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 92 нови случаи со корона вирус, Едно лице почина.
Тестирани се 9.507 лица, а вкупниот број тестирани достигна 1.018.908.
Во болница се 45 пациенти, а на респиратор 33 пациенти.
Од 6 март наваму во Србија потврдени се вкупно 32.228 случаи со корона вирус, а од последиците од Ковид-19 починаа 730 лица.