Најмалку шест лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад пред џамија во сомалискиот пристанишен град Кисмајо, изјави за ДПА Абдинасир Гулед, регионален официјален претставник.
– Атентатор-самоубиец, облечен во тежок елек со експлозив, ја нападна муслиманската конгрегација во џамијата Кадим во центарот на градот, додека луѓето излегуваа од џамијата по извршувањето на петочната молитва, рече Гулед.
Во нападот, кој е можно да бил насочен кон провинциски политичар, повредени се 20 лица.
Одговорност за нападот презеде милитантната група Ал Шибаб, која има тесни врски со терористичката Ал Каеда.