Извори кои имаат пристап до листата на штедачи во Еуростандард банката која пропадна минатиот месец ги откриваат иницијалите на штедачот кој во банката загубил фантастични 7 милиони евра., пишува expres.mk.
Неговите иницијали се идентични со иницијалите на екс спортист со меѓународна кариера и со угостителски бизниси во Македонија но се уште официјално не се потврдува за кого точно се работи.
Според изворите штедачот ги чувал своите пари во оваа банка најверојатно затоа што таа во последниве десетина години таму биле највисоките камати за орочени штедни денарски и девизни влогови односно годишно на име на камати заработувал огромни суми.
Ниту стечајната управа на банката ниту спортистот засега ги потврдуваат информациите за идентитет на штедачот кој загуби огромна сума на пари.