Министерството за здравство на Филипините денеска соопшти дека во последните 24 часа е забележан рекорден број смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, дури 186, а тоа е и најголем дневен број на смртни случаи досега во земјите од Југоисточна Азија.
Вкупниот број на смртни случаи кај ковид-пациенти на Филипините е 4.292, а бројот на потврдени случаи досега е 257.863.