Јеменската војска денеска соопшти дека го зазела командниот и комуникацискиот центар на исламистичката бунтовничка група Хути во северната јеменска провинција Ал Џаф.
Според новинската агенција Анадолија, во таа операција на јеменската армија, силите на Хути претрпеле човечки загуби, а неколку нивни оклопни возила се уништени.
Агенцијата наведува дека воената операција во регионот се уште трае, со цел да се елиминираат сите единици на Хутите, блиски на Иран.