Стручниот штаб на кошаркарскиот НБА-лигаш Бостон Селтикс очекува нивниот играч Гордон Хејворд да се врати за натпреварите во финалето на Источната конференција против Мајами.
Тие очекувања ги сподели тренерот на Бостон, Бред Стивенс.
-Мислам дека тој ќе се врати во одреден момент за време на серијата, но не знам кога”, изјави Стивенс.
Првиот меч од серијата меѓу Бостон и Мајами е закажан за 15 септември.