Новаците во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл се најзаслужни за големата победа на екипата остварена на гостувањето во Лондон кај Вест Хем (2:0) на стартот од новата сезона. Калум Вилсон и Џеф Хендрик беа стрелци на головите со кои Њукасл ги освои бодовите.
Доскорешниот напаѓач на Бурнмаут го отвори резултатот откако одлично реагираше во 56-та минута, а човекот кој беше асистент при овој погодок, подоцна се запиша и во листата на стрелците.
Џеф Хендрик напорно работеше цел меч, а при самиот финиш во 87-та минута доби дополнителна награда за добрата партија, постигнувајќи гол откако испрати неодбранлив удар.
https://streamable.com/127be2