Стојаноски: Бочварски лаже, вијадуктот од Другово до Извор не е завршен

Фејсбук статус на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски

„Директно од терен – доказ за лагите на власта.
На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.
Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти !

Треба да знаете
Последни објави