Во Индија рекорден дневен пораст на новозаразени во светот

Со потврдени нови 94. 372 случаи на Ковид-19, Индија денеска регистрираше рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, што е најголем раст и на национално и на глобално ниво.

Вкупниот број на случаи на коронавирус во Индија достигна 4,75 милиони, а според тој параметар, само САД се пред нив со повеќе од 6,4 милиони заразени.

Според соопштението на Министерството за здравство на Индија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 1.114 пациенти, со што вкупниот црн биланс од пандемијата во таа земја се зголеми на 78.586.

И  бројот на луѓе кои оздравеле од Ковид-19 во Индија се зголемува, бидејќи стапката на опоравување во таа земја е 77,77 проценти, благодарение на оздравувањето по речиси 70 000 пациенти дневно во текот на овој месец.

Строгите карантински мерки воведени поради пандемијата предизвикаа сериозна економска криза во Индија, чија економија падна за речиси 24 отстово вториот квартал од годината.

Треба да знаете
Последни објави